Протест на жителите на Трубарево по тешката сообраќајка со две жртви
Жителите на скопско Трубарево со блокирање на регионалниот пат Трубарево - Петровец преку мирен протест го изразија својот револт по тешката сообраќајна несреќа која се случи во неделата во ова населено место и во која животот го загубија две лица 40-годишен мотоциклист и дете на 9-годишна возраст.
Тие бараат на овој пат да се постави соодветна сообраќајна сигнализација, поголема полициска контрола, како и измени во законот за сообраќај со што предизвикувачот на несреќата доколку е под дејство на алкохол или не ги почитува прописите и во истата има жртва сторителот да одговара за убиство со умисла.
Жителите на овој дел од Скопје се револтирани бидејќи токму на овој патен правец постојано се случуваат сообраќајни несреќи со жртви, а како главни причини ги наведуваат возењето со преголема брзина и многу често управување на моторни возила под дејство на алкохол.
Иста беше и причината за сообраќајката во неделата. 72-годишниот возач е во притвор, а првичната истрага утврди дека возел под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина на патот.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори