Протест на косовските Срби денеска во северна Митровица
Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) повика на протест , кој ќе се одржи денеска на пладне во северна Митровица, поради одлуката на Вадата на Косово за зголемување од 100 насто на таксите за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Одлуката е донесена на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово – Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. На состанокот е утврдено дека состојбата на српското население во овој дел од земјата станува се потешка и почнува да се забележува недостаток на основните животни продукти и на лекови.
Потпретседателот на СЛ Игор Симиќ информира дека, пред протестот, денеска во четирите општини ќе се одржат седници на општинските совети, со една точка на дневниот ред: Политичката и безбедносната ситуација.
– Што се онесува до другите мерки и активности на Кризниот штаб, тие ќе зависат пред се од состојбата со снабдувањето, пре се на Клиничкиот центар и на Студентскиот центар во Митровица, како и на другите институции, посебно на оние чие снабдување зависи од Србија, изјави Симиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден