Протест „чевли на улица“ за заштита на животната средина
Во пресрет на Конференцијата за климата, што почнува утре во Париз, членови на повеќе еколошки организации денеска организираа протест во француксиот главен град со оставње чевли на „Плоштадот на Републиката“.
Потестот „чевли на улица“ има за цел да ги поттикне лидерите учесници на самитор во Париз да постигнат договор за мерки за ограничување на глобалното затоплување и климатските промени.
Еколошките активисти се решија на ваков начин да го искажат својот протест, бидејќи поради вонредната состојба во Франција, воведена по нападите во Париз на 13 неомври, забранети се секави масовни собири и демонстрации.
Екологистите планираа масовни улични протести за време на Конференцијата за климата во Париз, но поради новонастанатата состојба по нападите, решија такви собири денеска да се одржат во повеќе градови ширум светот.
Организиаците за заштита на животата средина бараат од учесниците на Конференцијата за климата, што ќе таре до 11 декември да постигнат договор за „сериозни ограничувања на емисиите на штетни гасови“, како и да им помогнат на сиромашните земји да се справат со последиците од глобалното затопшување.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина