Протекоа нови детали од истрагата, Јелена убиена со камен од 20 см
Истрагата утврдила дека бруталното убиство на Јелена Марјановиќ е извршено со камен кој имал пречник од 20 снатиметри, а кој убиецот претходно го донел на насипот Црвенка во Борча.
До најновите резултати форензичарите дошле по деталната обдукција на телото на Јелна но и со внимателна потрага на местото на злостроството и пошироката околина каде не е пронајден ниту еден единствен камен, пишува Информер.
Најпознатите српски криминолози, велат дека ова е дефинитивен доказ дека убиството на Јелена Марјановиќ е внимателно планирано за да се отстранат сите траги и дека практично е извршено на ритуален начин.
Според нивните зборови, најновите сознанија до кои дојде полицијата може да го скрати кругот на можни убијци и да се открие мотивот на злосторството.
Врз основа на повредите на главата на Јелена, попобитно е утрврдено дека таа е убиена со поголем камен со неправилен облик, кој во пречник е широк околу 20 см. Со внимателна потрага на теренот на насипот во Борча, каде е извршено злосторството утврдено е дека такви камења не постојат. Тлото на насипот е земјено, обраснато со трева, дури нема ниту ситни камења, ниту пак толку голем, со кој буквално може да се смачка нечиј череп, открива еден од инспекторите кој од почетокот работи на оваа задача и додава:
-Тоа јасно говори дека убиството однапред е планирано, и дека убиецот до ситен детаљ го осмислил и дека практично ритуално го извршил. Најпрво пронашол соодветен камен, го донел на насипот, ја начекал жртвата и свирепо ја убил. Фактот дека одбрал Јелена да ја убие со камен говори за тоа дека се работи за многу интелегентна личност, која знаела дека така нејлесно ќе се ослободи од оружјето со кое е извршено злосторството. Не е исто да се убие човек со секира или чекан или со обичен камен кој може да се најде било каде во природа и со тоа лесно да се камуфлира. Можете да го фрлите во река, меѓу другите камења и така да ја исклучите можноста било кога да биде пронајден, вели тој.
Инспекторот натаму раскажува дека со тоа се решени и некои битни дилеми кои би можеле да ја забрзаат истрагата за убиството на Јелена Марјановиќ.

– Кога пред неколку недели е утврдено дека Јелена е убиена со обичен камен, бевме збунети зошто тоа укажуваше дека таа е убиена случајно, дека злоството не било однапред планирано, туку го извршил со првото средство што го нашол на насипот и му било при рака. Не наведуваше на помисла дека Јелена ја убил манијак или случаен минувач, што пак не се поклопуваше со нашите сознанија, вели соговорникот и додава:
-Меѓутоа сега е потполно јасно дека Јелена ја усмртил некој близок до неа, кој долго и детално го планирал злосторството и дека убиството дури има и некои ритуални одлики.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии