Просветни инспектори спречени да извршат надзор врз Меѓународниот универзитет во Струга

Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, вработени во Државниот просветен инспекторат, вчера во Полициската станица во Струга пријавиле дека биле спречени да извршат надзор во работата на Меѓународниот универзитет во Струга.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 13 часот, а се случил истиот ден во 11 часот кога двајцата инспектори влегле во просториите на Меѓународниот универзитет врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор.
- При нивното влегување во просториите на Универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот, наведуваат од МВР.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
