Прослава на „Сквер Јадран“ ќе има, но со хуманитарен карактер
Манифестацијата „Град во Градот 4“ која ќе се одржи на 31 декември на „Сквер Јадран“ во општина Центар нема да има само забавен, туку ќе има и хуманитарен карактер, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на општината Андреј Жерновски.
Додаде дека новогодишниот настан ќе се претвори во донаторски проект, каде што сите граѓани и фирми ќе можат да донираат за оние категории на граѓани кои се најранливи.
- Први кои веќе потврдија дека ќе донираат се самите артисти, кои ќе издвојат 600.000 денари од својот хонорар за настапот. Парите ќе бидат наменети за таму каде што ќе се договориме дека е најнеопходно и во претстојниот период ќе го објавиме, рече Жерновски.
Изрази очекување дека овој пример ќе го следат и граѓаните. - На самиот настан ќе може секој да донира пари, а активностите и можностите за донирање ќе бидат објавени следните денови.
Појасни дека правниот тим на општина Центар ги разгледал веќе склучените договори со артистите кои треба да настапат за новогодишната ноќ, по што донел заклучок дека раскинувањето на тие договори со нив ќе предизвика сериозни финансиски последици.
- Заради откажувањето на настапите ќе треба да ги исплатиме парите во целост, без разлика што изведувачите нема да го одржат новогодишниот настан, рече Жерновски.
Ново на Сител
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација