-->
-->
Просечната нето плата во Србија во декември околу 750 евра
-->
Просечната нето плата во Србија во декември 2023 година изнесува 95.093 динари, додека просечната бруто-плата 130.405 динари, соопшти денеска Српскиот завод за статистика.
Просечната нето заработка за декември 2023 година изнесува 69.842 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.
Просечните бруто-плати номинално се повисоки за 13,1 отсто во однос на истиот месец од 2022 година, а нето-платите за 12,9 отсто, додека реалниот раст на бруто-платите е 5,1 отсто, а нето-платите 4,9 отсто.
Растот на бруто и нето заработката, во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,8 отсто или реално 2,4 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
