Просечната нето плата во Хрватска за октомври е 1.178 евра
Просечната нето плата во Хрватска за октомври изнесува 1.178 евра, што е зголемување за 14,6 отсто во номинално изразување и реално за 8,3 отсто на годишно ниво, објави хрватската новинска агенција Хина, повикувајќи се на податоци од националниот статистички институт.
На месечно ниво, просечното нето примање за октомври номинално порасна за 1,9 отсто, а реално за 1,4 отсто.
Највисоки просечни плати за октомври добиле оние кои работат во воздухопловниот транспорт (1.856 евра), а најниски – во текстилната индустријата (756 евра).
Просечната бруто-плата во Хрватска за октомври изнесува 1.630 евра и номинално е зголемена за 2,1 отсто и реална за 1,6 процент на месечно ниво и за 16,8 отсто номинално и за 10,4 проценти реално на годишно ниво.
Највисока просечна бруто-плата за октомври е во воздухопловниот транспорт (2.693 евра), а најниска во производството на облека (990 евра).
Ново на Сител
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
