Пронашол телефон од непозната девојка и ги објавил нејзините фотографии - таа брзо му одговорила, ќе се шокирате
Дејвид Лафарго од Швајцарија се занимава со бејс скијање. Додека се обидувал да и помогне на својата девојка да скокне со падобран, забележал осамен Ајфон. Одлучил да се обиде да го фати и почнал да се спушта низ карпите, каде што на 20 метри го чекал телефон.
Телефонот бил во функција, па Дејвид ги прелистувал фотографиите и открил дека телефонот и припаѓа на извесна Челзи. Ја видел нејзината имејл адреса и одлучил да направи нешто забавно. Направил видео на кое имало компилација од негови, но и фотографии од сопственичката на телефонот, како и видео од спасувањето. Го објавил видеото и чекал приказната да се прошири.
Не чекал долго, Челзи му напишала коментар:
-„Ти благодарам Дејвид. Го пронајде мојот телефон. Ти си кул личност, бидејќи си морал да се качуваш за да го дофатиш, а уште и си го направил видеово. Кога сфатив дека ми падна на тоа место, мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Навистина сум ти благодарна и на сите ќе им ја раскажам оваа приказна.“- завршила Челзи.
Ново на Сител
-
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари