Пронајдено телото на 22 годишниот кумановец кој со голф излета во Вардар
– Градоначалникот на општина Желино преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на Ердон Рамадани, 22 годишното момче кое на 27 септември излета од автопатот Тетово-Скопје. Младиот Ердон со возило фолксваген голф излета од коловозната лента на автопатот кај мостот што поминува над реката Вардар во близина на Желино.
-Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови. Длабоко сочувство до семејството, порача преку социјалната мрежа Блерим Сејдуи, градоначалникот на Желино.
Од тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар, но се уште не е извршена официјалната идентификација. Полицајци од СВР Тетово ги нашле телото.
-Во 10:40 пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје