-->
-->
Пронајдено обесено тело од исчезнато младо момче
-->

Младото момче Буде Бараќ (23) од Печнинача, исчезнал на 1 април оваа година, кога последен пат е виден во Нови Сад, а телото за кое се сомневаат дека е негово во четвртокот попладне е пронајдено обесено во Фрушка Гора.
Според неофицијалните информации се препоставува дека младото момче извршило самоубиство, а обдукцијата е во тек.
Неговата сестра е повикана за идентификација на неговото тело.
А во близина на телото се наоѓал автомобил.
Да потсетиме, него последен пат го видел неговиот цимер во станот во Нови Сад во кој живеат заедно околу 10 часот изутрина, а на девојката Буде и испратил порака околу 12 часот тој ден.
Тие требале да одат на свадба, меѓутоа, од тогаш му се губи секој траг. Неговиот мобилен телефон не бил достапен, но тој на никого не се јавувал и не одговарал на пораки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово