Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
Посмртните останки на сите 67 жртви од судирот на патнички авион на „American Airlines“ и воен хеликоптер што минатата недела се случи над реката Потомак, се извлечени од водата. Речиси сите се идентификувани.
Во меѓувреме, Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека ги анализира најновите податоци што покажуваат дека хеликоптерот го надминал максималниот дозволен плафон на летање од 61 метар. Според податоците од радарските сензори и други извори на главниот екран од контролата на летање на аеродромот, хеликоптерот летал на височина од 91 метар, соопштија од НТСБ.
Истражителите изјавија дека за да се потврдат овие бројки потребни се повеќе информации од хеликоптерот, што сè уште е под вода. Авионот летал на висина од 99 метри, со минус седум до осум метри погрешност.
-Семејствата на жртвите кои ја преживуваат оваа трагична загуба се во нашите срца, се наведува во заедничката изјава на градските и федералните агенции кои учествуваат во потрагата.
Од реката се веќе извлечени десното крило на авионот, централниот дел на трупот, делови од предната кабина, фрагменти од опашниот капак и вертикалниот стабилизатор. Властите изјавија дека сега се фокусирани на вадење на остатоците на авионот и се надеваат до крајот на неделата да го извлечат и хеликоптерот.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство