Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица

Десет мигранти во две товарни возила биле пронајдени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во едното товарно возило со полуприколка, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, управувано од Б.А. (49) од Скопје, биле пронајдени пет лица од Сирија и едно лице – турски Курд. Во второто товарно возило со полуприколка, со српски национални ознаки, управувано од П.Н. (41) од Република Србија, сопственост на правен субјект од Република Србија, биле пронајдени четири лица од Сирија.
Од МВР дополнуваат дека мигрантите се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
