Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна | ФОТО
Вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица пронајдени биле една артилериска граната 75 mm и рачна бомба, информираат денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Оттаму апелираат до граѓаните во случај да пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат туку едноставно да се јават на бројот за итни случаи 112 за службите да можат да се погрижат за безбедно отстранување или неутрализирање.
-Така ќе бидат заштитени животите, како и тие што ги пронаоѓаат потенцијално опасните заостанати оружја од минатите војни, велат од ДЗС.
Додаваат дека пронајдените гранати веќе биле употребени, а неексплодирани и претставувале потенцијална опасност за граѓани коишто се на прошетка во природата или пак за пожарникари коишто гаснат шумски пожари во тој предел.
-Конкретно, артилериска граната од 75 mm со потекло од Прва светска војна била истрелана и помината низ топовска цевка и имала временска запалка којашто од непознати причини не извршила активација на гранатата кога со нејзе се дејствувало. Опасноста за активирање, кај вакви веќе истрелани гранати, постои при дејство, удирање, врз запалката и при висока температура, на пример при пожар и слично.
Рачната бомба, од германско производство, била одбранбена бомба од Прва светска војна со активирана каписла од времето кога била фрлена, употребенам, стои во соопштението.
Двете неексплодирани убојни средства од минатите војни се безбедно подигнати и транспортирани на безбедно место за понатамошна постапка до нивно уништување, според оперативните стандардни процедури, од пиротехничарот во ДЗС Битола, Ѓорги Стефанов и овластениот пиротехничар Митко Ташков од ДЗС Гевгелија.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан