Македонија
19. December 2023 - 12:08

Пронајдена неексплодирана рачна бомба во двор во Куманово

На 18.12.2023 во 10.39 часот во СВР Куманово, А.М. пријавил дека во неговиот двор во населба Ајдучка чешма во Куманово пронашол неексплодирана рачна бомба од Втора светска војна. Екипа од СВР Куманово извршила увид, а бомбата билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.