Македонија
13. March 2024 - 10:56

Пронајдена дрога при претрес во Скопје

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера во 13:10 часот на подрачјето на Карпош ја лишиле од слобода Н.С.(51) од Тетово, со престој во Скопје.

Како што информира МВР, при претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Жената била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против  неа ќе биде поднесена соодветна пријава.