Македонија
25. May 2024 - 14:28

Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки

Полицијата приведе девет лица кај кои е пронајдена дрога при контрола во угостителски објекти во Скопје.

- На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.

При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила.