Пронајдена дрога и психотропни супстанции во продавница за домашни миленици во Скопје
Скопското Основно јавно обвинителство поведе истрага против 32-годишен скопјанец, кај кого била пронајдена дрога и психотропни супстанции во продавница за домашни миленици во Скопје.
Од ЈО информираат дека јавен обвинител од ОЈО Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана, известуваат од ЈО.
При претресот, на осомничениот му биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.
Од ЈО известуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Мерката притвор се бара, бидејќи, според надлежниот јавен обвинител, постојат околности коишто укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка со оглед на опасноста осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
-

Расположението во Русија се врти против Путин
-

Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
