Пронајден сомнителен пакет во трамвај во бриселската населба Скарбек
Сомнителен пакет бил пронајден во трамвај што сообраќал во бриселската населба Скарбек, каде вчера во стан што го изнајмувале бомбашите-самоујци Кали и Ибрахим Ел Бакрауи, кои ги извршија терористичките напади во вторникот во Брисел, белгиската полиција вчера откри 15 килограми експлозив, 150 литри ацетон, детонатори и други средства за подготовка на бомби.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во близина на северната железничка станица во Скарбек, бил пријавен сомнителен пакет.
Антитерористички тим на белгиската полиција веднаш му пристапи на трамвајот и во моментов делува, претходно празнејќи го од патниците. Во исто време, полицијата постави безбедносна зона.
Утринава, исто така заради сомнителен пакет, беа евакуирани железничките станици во белгисите градови Лувен и Монс. Притоа беа испразнети вагоните во возовите што во тој момент минувале низ станиците, но подоцна се покажа дека станува збор за лажен аларм.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста