-->
-->
Прoнајден хероин во возило, приведени две лица
-->
На 15.03.2022 околу 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.И.(33) од Куманово и Р.З.(37) од Свети Николе.
При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали