Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега

Во СВР Охрид синоќа во 22.40 часот е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
По преземените мерки, соопштија денеска од МВР, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
