Пронајден дијамант од 190 карати: Се верува дека е стар две милијарди години

Огромен дијамант од 190,77 карати е пронајден во руската сибирска федерална единица Јакутија, само неколку дена пред Нова година, соопшти Алросе, водечкиот светски производител на дијаманти.
Според анализите на стручњаците, висококвалитетниот драг камен што бил ископан во далечната Јакутија на 25 декември, може непречено да лежи во природата две милијарди години. Натамошните испитувања ќе ја утврдат точната старост на дијамантот, пишува „Раша Тудеј“.
Откривањето на дијамантот непосредно пред Нова година е вистински подарок, изјави Евегениј Агурев, заменик генерален директор на Алросе.
Тој додаде дека природата годинава била дарежлива, со извонредни изненадувања како дијамантот во форма на срце, што компанијата го открила пред Денот на вљубените.
Огромниот скапоцен камен сега е испратен на детални анализи и прелиминарно вреднување.
Претходно годинава, руски рудник за дијаманти откри необичен дијамант наречен Матрјошка, бидејќи потсетувал на традиционалната руска кукличка. Се верува дека овој дијамант, што е стар 800 милиони години, е апсолутно непроценлив и единствен во светот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
