Промовирани 434 нови полициски службеници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуаше на пригодната свеченост во Центарот во Идризово на која беа промовирани 434 нови полициски службеници кои ја минаа едногодишната обука поделена во три образовни модули - сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи.
- Како идни полициски службеници секогаш мора да го имате на ум значењето на униформата што ќе ја носите и вредноста на значката што ќе ја покажувате. Никогаш не заборавајте дека граѓаните преку вас и преку вашите постапки ќе ја оценуваат нашата држава. Затоа, професионалноста, стручноста и почитувањето на законот мора да ви бидат фундаменти врз кои што ќе се темели вашето секојдневно работење и извршување на работните задачи“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање пред генерацијата нови полициски службеници кои успешно ја завршија неколкумесечната обука во Центарот за обука на МВР во Идризово..
Тој им рече дека стануваат полициски службеници, во еден исклучително важен момент за опстанокот и развојот на нашето општество и држава.
- Ова е време во кое сите сме исправени пред историскиот предизвик основен приоритет да ни биде владеењето на правото, потенцираше министерот Спасовски.
Притоа тој им порача на новите полициски службеници дека нивната одговорност ќе биде голема, и дека токму таа е најважната работа што треба да ја манифестира секој граѓанин на нашата земја доколку сакаме побрзо и побезболно да ја надминеме актуелната општествена криза.
- Верувам дека со начинот на кој ќе ги извршувате вашите работни задачи и со бескомпромисно почитување на законот и професионалните стандарди, ќе покажете дека вие сте таа генерација на полициски службеници која ќе одигра пресудна улога во реформирањето на Министерството за внатрешни работи, истакна Спасовски, нагласувајќи дека токму поради тоа тој се заложил сите кандидати што ја поминаа едногодишната обука да бидат промовирани во полициски службеници.
Ново на Сител
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
