Промовирана официјалната топка за ЕП 2024
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2024 година. Се вика „Љубовта на фудбалот“.
– Дизајнот на топката е инспириран од радоста на фудбалот и енергијата на турнирот. Опремен е со специјална технологија која обезбедува читање на секое движење на топката и го олеснува процесот на одлучување на судиите со помош на ВАР, стои на веб-страницата на УЕФА.
Топката е изработена во бела боја со форми на крила со триаголни дезени во црна, жолта, црвена и зелена боја. На топката се прикажани илустрации на сите стадиони на турнирот, заедно со името на секој град домаќин на Евро 2024.
Направена е од повеќе еколошки биоматеријали. На секој слој од топката беа додадени материјали како пченкарно влакно, шеќерна трска, дрвна маса и гума.
Евро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет градови ќе бидат домаќини на турнирот.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста