Промовирана конзервираната ранохристијанска базилика на локалитетот „Манчевци“ во Охрид

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го промовираше локалитетот „Манчевци“ во Охрид, каде е извршена конзервација на ранохристијанска базилика од периодот меѓу 4 и 6-тиот век.
- Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот, истакна Канческа – Милевска.
Локалитетот „Манчевци“ истовремено е и покриен и целосно илуминиран.
- Овој локалитет е од огромно значење, како за културниот туризам на Охрид, така и за промоција на богатото културно наследство што го поседува Република Македонија, рече Канческа најавувајќи и слични проекти за во иднина.
Паралалено во Охрид со поддршка на Министерството за култура се спроведуваат уште неколку проекти како обновата на Светиклиментовиот универзитет, реставрацијата на црквата „Света Богородица - Перивлепта“ каде до крајот на годината ќе бидат освежени архитектурата на објектот, фрескоживописот и камбанаријата, а продолжуваат и проектот за обнова на фасади на репрезентативни објекти во градот, како објектот на „Радио Охрид“ и на „Магазата“.
Директорката на „Завод и музеј – Охрид“ Тања Паскали – Бунташеска им се заблагодари на семејствата Маневи, Мартинови и Мурџески, сопствениците на просторот каде беа откриени деловите на базиликата, за нивната соработка во зачувувањето и презентирањето на ова значајно културно богатство.
Во рамки на посетата на Охрид министерката за култура присуствуваше и на отворањето на изложбата „Меѓу сонот и јавето“ на авторот Рубенс Наумовски, во рамки на Научната и уметника визита 2015 што се одржува во организација на Македонската академија на науки и уметности.
Изложбата содржи 20-тина дела, масла на платно, што, според Канческа-Милевска, се одраз на творештвото на авторот кој својата длабока инспирација ја наоѓа најмногу во опусот на неговиот татко, Вангел Наумовски, доајенот на македонската ликовна уметност.
- Во овие дела се илустрирани убавините на вечниот Охрид кои се во една синергија со љубовта кон апстрактното на Наумовски, неговиот отворен дух, желбата да се проникне во таинственоста на природата и безконечноста на вселената. Овие дела ја симболизираат освоената слобода на авторот кој вложувајќи се себеси во секое создадено дело, преку своите искуства и сознанија, на еден особено креативен начин, ни ја доловува калеидоскопската игра на боите и формите, неговата поетската визија за Македонија, истакна министерката за култура.
Изложбата „Меѓу сонот и јавето“ е трета самостојна изложба на Рубенс Наумовски кој иако по вокација е музичар, истовремено е и љубопитен истражувач со широк дијапозон на интереси кои неможат да се моделираат во ниту една рамка.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
