Промовирана книгата „Фејсбучарење” од Сузана Турунџиева

„Фејсбучарење” е насловот на книгата од Сузана Турунџиева, која синоќа беше промовирана во галеријата во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Настанот беше во рамки на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен 2016“.
- Станува збор за една неверојатна, искрена, несекојдневна приказна за една Сара и еден Боби. Сара е хендикепирано лице и од првиот миг кога влегува во комуникација со Боби, одлучува да не му кажува дека е во количка, за да не го изгуби пријателството со него. Животот плете чудни приказни, судбината некогаш ги меша конците и таа голема и искрена љубов добива среќна завршница, изјави Турунџиева за медиумите.
Таа најави и следен роман со наслов „Реставратор”, како и прирачник за среќа „Среќометар”. Во завршна фаза е и нејзината четврта збирка со илјада мисли и цитати.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
