Промовиран новиот изглед на СКОПСКО на Пиволенд
Новата уникатна колекција на Скопско , беше промовирана на големата скопско журка вчера на Пиволенд. Четирите оригинални етикети на Скопско шишињата , се дело на најдобрите дизајнери на звук , Фолтин, Гоце саф, Мугер Фугер и Суперхикс.
Инпсирирани од својата музика и од Скопско како најгоем симбол на многу генерациите , познатите музичари го претопија својот музички израз во слика и графика, создавајќи скопско етикети кои ќе останат запаметени уметнички дела.
Според многумина новите етикети на Скопско се најоригиналните кои се појавиле кај нас до сега.
Соработката на Скопско со познатите музички групи, е доказ за природната врска на Скопско со музиката и е прв проект платформа која докажува дека Скопско навистина звучи супер, Звучи супер зошто ја подржува музичката сцена, и зошто овие музичари веднаш ја прифатија Скопско поканата за заедно да создадат нешто за своите фанови.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
