-->
-->
Промовиран новиот дрес на „рисовите“
-->

Фудбалската федерација на Македонија и германскиот спортски бренд ЈАКО во средата го промовираа новиот дрес на репрезентацијата на Македонија.
Дизајнот на новиот дрес на македонската репрезентацијата е дело на дизајнерот на ФФМ, Рахила Илиев.
„Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќевековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановито“, беше кажано на промоцијата на новиот дрес.
На промоцијата беа присутни првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, и претставникот на ЈАКО, Ханс Веркле.
Во улога на манекени се појавија А репрезентативците Богатинов и Ѓорѓиев и играчите на младата селекција Алексовски и Марковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
