Промоција на збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска
Новата книга од Румена Бужаровска, збирката раскази со наслов „Не одам никаде“, ќе биде промовирана денеска во кино „Фросина“ во МКЦ.
Делото е своевидно продолжување и надградба на веќе препознатливиот содржински и стилски раскажувачки манир на оваа современа македонска писателка. Оваа книга, составена од седум раскази, на извноредно прецизен и прониклив начин претставува остар и реалистичен, но истовремено суптилен и често трогателен приказ на современата македонска реалност.
По успехот со третата збирка раскази „Мојот маж“, која беше преведена на неколку јазици и имаше завидна балканска промоција, ова е четвртата книга со раскази на авторката, или вкупно 166-от наслов во популарната едиција Проза на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Промотори ќе бидат Ирена Цветковиќ и Магдалена Хорват, по што ќе следи дружба со музиката на ди-џеј Ненад Тонкин.
Бужаровска е авторка на збирките раскази „Чкртки“ , „Осмица“ и „Мојот маж“, книгичката мали фикции „Спиј“, како и студија за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот