Македонија
24. December 2015 - 8:38

Промоција на студијата „Рамка на компетенции за професионалци за човечки ресурси“

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ-Скопје, денеска ќе ја промовира студијата „Рамка на компетенции за професионалци за човечки ресурси”.

Студијата е изработена во рамки на проектот „Развој на рамка за клучни компетенции за професионалци за човечки ресурси како основа за креирање на дуален систем на образовна програма за менаџмент на човечки ресурси во Република Македонија“.

Проектот е финансиран во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2014-2015 година, со посредство на Министерството за култура - Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија.