Промоција на стихозбирката „Кожена душа“ на Емануела Ковачевска Китановска
„Кожена душа“ претставува наслов на чувствената инкарнација исходена од овој тек, а воедно своевидна дефиниција на нејзинот порив, родена во едно двегодишно безвремие.
Емануела Ковачевска Китановска успева едновремено рефлексивно да посегне по суштините изртувајќи ги низ својот исклучителен микросвет кон јавноста, принесувајќи ги инканирани во уметнички дела и поставки од областа на литературата, глумата и музиката.

Во периодот на постанување на поетското новороденче во зрел плод подготвен да ги пружи своите мириси на светот и да ги разбурди новите ветрови со својот збор, оваа збирка доживува исклучителен успех и на професионален план. Овенчана е со наградата „Антев часовник“ во 2019 година, а во неа се содржани и песни украсени со наградата „Најуспешна млада поетска искра“.
Пречекувајќи ја збирката на прагот на своето конечно објавување на големиот свет како ковчеже од сандалово дрво отстојано во исконски мириси, на 18ти декември (сабота) во Котур ќе се одржи нејзината прва промоција со почеток од 15.00 часот.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
