Живот
16. August 2016 - 11:17

Промоција на спот за ремиксот на „Lion's Den“ на Кирил Џајковски

Промоција на спот за ремиксот на LION’S DEN на Кирил Џајковски ќе се одржи вечер во 22:00 часот во АТК премиум клуб во Скопје.
 
Музичкиот спот е снимен од Eurotrvsh во партнерство со Reborn.mk/ReProduction, под водство на режисерот Димитар Попов. 
 
На промоцијата на спотот ќе присуствува креативниот тим на Eurotrvsh.
 
Видеото премиерно ќе биде пуштено во етер во текот на неделата.