-->
-->
Промоција на проектот „Зајакнување на општинските совети“
-->
Министерката за локална самоуправа Ширет Елези денеска ќе го претстави проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, основната цел на проектот е да се зајакнат општинските совети за спроведување на нивните надлежности поврзани со вршење надзор и претставување на интересите и потребите на граѓаните.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој, а ќе биде имплементиран од УНДП.
На промоцијата на проектот ќе се обратат швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, постојаната претставничка на УНДП во Македонија Луиза Винтон, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на Комитетот на совети при ЗЕЛС Трајче Донев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово