Промоција на „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“
Претставници на граѓанските организации денеска ќе го презентираат документот „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“. Овој документ претставува
Целта на документот, според Институрот за демократија Societas Civilis организаторите, е да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области од јавните политики, како и за враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции.
Документот ги изразува ставовите и мислењата на 146 лица претставници на 73 граѓански организации, независни експерти и научници кои на неодамна одржаниот форум месецов дефинирале мерки и активности за јавни политики во областите: јавни финансии и економија, правосудство, борба против корупцијата, избори и изборен систем, јавна администрација, контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање, Собрание, граѓанско општество, социјална заштита, благосостојба и одржливост, образование и младински политики, животна средина, енергетика, култура и здравство.
Од Институтот за демократија посочуваат дека „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“ содржи и препораки за тоа како граѓанското општество треба да биде вклучено во консултации со државата, како и за начинот на набљудување на прогресот на исполнување на мерките.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце