-->
-->
Промоција на македонскиот превод на Прирачникот за заштита на податоците
-->

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Народниот правобранител на Република Македонија и Адвокатската комора на Република Македонија денеска ќе го претстават македонскиот превод на публикацијата „Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците".
За содржината на Прирачникот ќе зборуваат Мирјана Лазарова-Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), и Холгер Хембах, адвокат од СР Германија.
Промоцијата, организирана во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), ќе ја отворат регионалниот проектен раководител при ИРЗ за БиХ, Македонија, Црна Гора и Србија Штефан Пирнер, заменикот-народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски, владиниот агент и директор на Бирото за застапување пред ЕСЧП Костадин Богданов и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” Анета Арнаудовска.
Поздравно обраќање ќе има и заменик-амбасадорот на СР Германија во Македонија Ханс-Хелге Зандер.
Издавањето на Прирачникот е дел од активностите на ИРЗ кои од 2000 година се спроведуваат во соработка со Влада на СР Германија и со средства на германското Министерство за надворешни работи од германскиот придонес кон Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран