Македонија
11. May 2017 - 8:28

Промоција на книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска. 

Промотори на книгата ќе бидат Татјана Гогоска и Филип Димкоски.

Христина Аслимовска завршила постдипломски студии од областа англиска книжевност на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега има објавено неколку дела: „Заорок“ (поезија), „Бисерни зборови“ (поезија), „Разделба со детството“ (поезија и проза), „Капка надеж“ (поезија), „Дневник на душата“ (проза). 

Учествувала на повеќе семинари и е добитник на неколку награди и признанија.