Промоција на книгата „Сакам, значи постојам“ на Ана Јовковска
Книгата „Сакам, значи постојам“ од новинарката и активистката Ана Јовковскаод вечер ќе биде промовирана.
„’Сакам, значи постојам’ е натопена во љубов, животни искуства, болка, слобода и радост. Обликувана како отворен разговор во и надвор од себеси, Ана тргнува од Декартовата максима „Мислам, значи постојам“, која како жена и мајка, ја трансформира од мислам во чувствувам и сакам. САКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подоброто внатрешно ЈАС, подобар живот, подобар свет… Kачена на својот велосипед, на тркалото на животот, Ана го бара ѕвончето со кое ќе свирне за ПРОМЕНА! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со ДОБРИНА и ЉУБОВ!”, вели авторката Јовковска во најавата за книгата.
„Сакам, значи постојам“ претендира да оди подалеку од мотивациските флешеви на новото време и да инспирира промена на подолг рок. Романтична и храбра, новата книга на Ана ја буди најдобрата верзија во секој од нас. Книгата ќе ја претстави писателот и професор Александар Прокопиев, а настанот е замислен како мултимедијална синтеза од разговор, музика и дружење.
„Сакам, значи постојам“ е третa книга на Ана Јовковска. Досега ги има објавено книгите „Пулсот на времето“ (2015) и „Ехо на слободата“ (2018). Активна е на социјалните мрежи, а пишува и колумни за списанието „Портрет“.
Ново на Сител
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал