Промоција на книгата „Метафизички сино“ од Филип Клетников

Поетската книга „Метафизички сино“ од Филип Клетников вечер ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“.
За ова поетско остварување филозофот и критичар Ферид Мухиќ нагласува дека станува збор за книжевен настан од прв ранг.
- „Метафизички сино“ е вистински поетски едикт за животот и смртта, кој во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином животот/смртта посредуван со централната метафора влезот/излезот, пишува Мухиќ.
„Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
