Македонија
24. December 2019 - 8:33

Промоција на книгата „Фениксот на непокорот“ од Виктор Габер

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Фениксот на непокорот“ од Виктор Габер.

Промотори на делото се амбасадорот Јован Теговски и проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Книгата е во издание на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија по повод 75 години возобновување на работата на Еврејската заедница во Македонија.