Прометот во индустријата лани остварил раст од 9,9 проценти
Прометот во индустријата минатата година во однос на 12-те месеци од 2015 година бележи раст од 9,9 проценти, а во декември 2016 година во однос на декември претходната година бележи раст од 6,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци прометот остварен на домашниот пазар има раст од 1,2 отсто, а на странските пазари 8,6 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 13,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 6,4 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 отсто и Капитални производи за 16,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто.
Прометот во индустријата во декември 2016 година, во однос на ноември 2016 година, има намалување за 16,9 отсто.
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ