Прометот на индустријата во декември зголемен за 1,8 проценти
Прометот во индустријата во декември е зголемен за 1,8 проценти во споредба со истиот период во 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Прометот остварен на странските пазари во овој период бележи пораст од 2,8 проценти, а на домашниот пазар има опаѓање од 1,2 проценти.
Гледано по сектори, зголемување има кај Преработувачката индустрија од 2,7 проценти, а намалување од 13,6 проценти во секторот Рударство и вадење на камен.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Капиталните производи за 14,2 проценти, Трајните производи за широка потрошувачка за 21,2 проценти и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, додека опаѓање е забележано кај Енергија за 96,1 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3 отсто.
Прометот на индустријата во декември во однос на ноември бележи опаѓање од 12,6 проценти, додека во периодот јануари - декември во однос на истиот период 2014 година има зголемување од 8,6 проценти.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци