Македонија
28. March 2022 - 11:39

Променливо време во текот на неделава, поројни дождови во петок и сабота

Променливо време со локален дожд се очекува во текот на неделава. Синоптичарите за утре најавуваат слаб локален дожд, а во среда ќе биде суво, но претежно облачно.

Веќе од четврток ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок и сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.

Температурите ќе бидат над нулата. Дневните ќе се движат од 13 до 22 степена.