Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Минималните температури утрово изнесуваат -7 степени во Битола, -6 во Скопје-Петровец, Берово, -5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, -4 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, -2 во Лазарополе, -1 во Виница, 0 во Маврово, Дојран и 1 степен во Охрид, Претор, Дебар.
Висината на снежната покривка измерена утрово во 7 часот е 31 санитметар на Попова Шапка, 13 во Битола, 6 во Маврови Анови, 5 во Лазарополе и 2 сантиметри во Охрид, Ѓуриште.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
