Прокисна покривот од училиштето „Лирија“ во Тетово

Учениците од основното училиште „Лирија“ во Тетово ја напуштија наставата и пред зградата на општината го изразија своето незадоволство поради прокиснатиот покрив од нивното училиште.
Од управата на училиштето посочија дека повеќе пати ги известиле надлежните од централните и локални власти оти покривот што е во многу лоша состојба прокиснува по секои пообилни врнежи и побарале да им се определат средства за негова поправка или за некакво друго решение.
-На крајот од учебната 2015/2016 година во јуни месец испративме барање до Министерството за образование да ни се одобрат средства за реновирање или друго решение, но повторно одговорот беше негативен дека неам доволно средства и се надеваат дека во 2017 та година нешто ќе биде влезено во проект за изградба или реконструкција на училиштето, изјави директорката на ОУ „Лирија“ Шпреса Исеини.
Таа рече дека поради прокиснувањето ќе се забрани користење на ходникот и училниците на вториот кат а наставата ќе се одвива во останатите училници и тоа учениците од првата смена ќе учат во комбинирани паралелки додека оние од втората смена ќе работат со скратени часови.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
