Бизнис
4. April 2023 - 11:04

Произведени се 15.600 MWh електрична енергија во изминатото деноноќие

 АД ЕСМ на 03.04.2023 година произвело 15.600 MWh електрична енергија, намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Како што соопштија денеска од владиниот Сектор за односи со јавноста, во Термоелектраните произведени се 12.446 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.154 MWh.