-->
-->
Професорот кој ја воодушеви јавноста со статусот на Фејсбук
-->
Интересен статус на белградски професор ја одушеви јавноста.
"Кога ќе објавам нов статус, веднаш гледам по лајковите во краток период колку моите студенти, во сред испитна сесија, всушност не учат!", напиша белградскиот професор Бранислав Боричиќ на својот профил на Фејсбук, а статусот набрзо го обиколи регионот.
Покрај бројните лајкови, професорот заработи и лавина коментари во кои неговите студенти, поранешни и сегашни, но и многу други корисници, нескриено го изразуваат своето воодушевување и склоност кон духовитиот професор.
"Прекрасен човек. Човечина!", гласи еден од коментарите на статусот на 60-годишниот професор д-р Боричиќ, кој инаку е и декан на Економскиот факултет во Белград.
Д-р Боричиќ е познат по тоа што е активен на социјалните мрежи, а како што пренесуваат тамошните медиуми, студентите го сакаат бидејќи кон нив се однесува како "вистински педагог, ментор и советник", а не како "некој од високо".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада