-->
-->
Професорка до средното медицинско училиште ги ишишала сите ученици по казна
-->

Професорката по Микробиологија, Далиборка Савичиќ во Средното медицинско училиште во Бања Лука направила скандал откако на цел клас им ишишала косите.
За време на одморот, еден од учениците со запалка запалил коса на друг ученик, а откако драмата завршила, професорката прашала кој го сторил тоа, откако не добила одговор земала ножици и на сите им исекла по еден прамен од косата.
Од управата на училиштето потврдуваат дека професорката ишишала дел од косата на учениците, но поради настанот со другарката, тврдат дека децата се согласиле на тоа.
- Професорката одржала вонреден час да дознае кој можел да направи такво нешто на девојчето. Откако не добила одговор, земала ножици и за да не се чуствува девојчето понакво, на сите им исекла дел од косата со нивна согласност, вели директорот.
Сепак, родителите се пожалиле за она што се случило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
