Македонија
27. October 2016 - 14:12

Професор подиве на час: Претепал ученик во кичевската гимназија

Вчера утро во 08.00 часот во средното училиште ,,Дрита“ во Кичево, С.С. (професор во училиштето), на час физичко нападнал ученик од прва година.
 
Имено, ученикот се јавил да одговара, а С.С. почнал да го удира со шлаканици, тупаници и клоци во пределот на главата, лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило модрици и отоци, кои биле констатирани и санирани во Медицински центар Кичево.