Проектот на УСАИД ќе ги промовира видеата за заеднички ученички активности

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција денеска ќе ги промовира заедничките ученички активности и анимираните видеа чија цел е да им помогнат на училиштата при организирање краткорочни и долгорочни училишни активности.
На настанот ќе присуствуваат претставници од образовни институции, меѓународни организации, невладини организации, донатори,...
Партнер училиштата ќе демонстрираат разни заеднички активности кои учениците од различни етнички заедници ги преземаат за унапредување на меѓуетничката интеграција.
Сите основни и средни училишта во Македонија се дел од проектните активности, како и општините, родителите и локалните заедници, додека советниците и просветните инспектори од Бирото за развој на образованието (БРО) на национално и регионално ниво се вклучени во постигнувањето на одржлива промена и во активностите за зајакнување на капацитетите.
Вкупно 395 партнерства се воспоставени меѓу училиштата и повеќе од 1.000 заеднички ученички активности се спроведени во кои наставниците и учениците од училишта со различен наставен јазик соработуваат. Преку 4.200 ученици беа дел од креативните работилници, креативните корнери, дебатните клубови и јавните дебати организирани со етнички мешани групи.
До денес, ПМИО има помогнато на 48 заедници во нивните напори да ги подобрат училишните објекти, вклучувајќи и обезбедување на непречен пристап за ученици со посебни потреби, а е насочен кон помагање на повеќе оваа година.
ПМИО е петгодишна инцијатива вредна 6.2 милиона долари која ќе соработува со сите релевантни образовни институции поддржувајќи ги напорите на Владата во процесот на етничко интегрирање. Целта на проектот е да ја подигне свеста кај луѓето и нуди обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директори, наставници и преставници на администрацијата.
Ново на Сител
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
