Проектите во туризмот го удвоија бројот на странски туристи
Бројот на странски туристи во Македонија бележи конитуниран раст изминативе години. Лани земјава ја посетиле 425 илјади странски туристи.
Податоците за изминативе 15 години покажуваат дека прво значително зголемување има во 2011, кога се воведоа субвенциите за тур операторите кои ќе донесат странски туристи во земјава.
Таа година бројот на странски туристи се зголемил од 261 на 327 ијлади или за 65 илјади во само една сезона.
Еден од примерите за ова мерка е холандискиот оператор ТУИ кој во 2011 почна да ги користи државните субвенции и донесе 2000 туристи, а годинава најави 12.000.
Покрај субвенциите, владата спроведе повеќе други проекти за да го раздвижи туристичкиот сектор. Беа воспоставени евтини авионски летови со државна поддршка. Македонија се промовираше како туристичка дестинација на светските медиуми, а потоа повеќе туристички магазини и портали и самите ја ставаа на листите за препорачани дестинации. Владата воведе и мерка за изградба на хотели на државно земјиште со откуп по почетна цена од евро за квадрат. Се градеа и уредуваа плажи и пешачки патеки околу езерата.
Трендот на зголемување на бројот на странски туристи продолжува и годинава. Според последната статистика, во периодот јануари – мај имало за 17% повеќе странски туристи од истиот период лани.
Туризмот е гранка со голем потенцијал која обезбедува девизен прилив и ги поттикнува локалното стопанство и вработувањата.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
